Тој ја информираше јавноста дека се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воено карго, медицински хуманитарни и празни летови по истекот од 48 часа по оваа одлука.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 март, 2020 21:36

НАЈНОВА ВЕСТ: СЕ ЗАТВОРА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ И СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На прес-конференцијата Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Македонија ги затвора сите гранични премини за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставници  на дипломатски кор и други лица за кои МВР ќе даде мислење.

Министерот Венко Филипче, на прес-конференција информираше за моменталната состојба со коронавирусот во Македонија и соопшти дека има пет нови случаи. За други две лица ќе се врши дополнително тестирање.

Министерот соопшти дека по состанување на Владата, денеска било одлучено да се затворат сите гранични премини.

Тој ја информираше јавноста дека се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воено карго, медицински хуманитарни и празни летови по истекот од 48 часа по оваа одлука.

На прес-конференцијата се обрати и министерот за надворешни работи Никола Димитров кој апелираше до македонските граѓани да не патуваат!

-Ве молам немојте да патувате! Македонски граѓанин кој утре ќе реши да оди некаде, неизвесно е кога ќе се врати, рече тој.

Димитров апелираше и македонските граѓани кои живеат во странство, во овој кризен период да не се упатуваат во татковината.  Порача да ги следат упатствата на тамошните Влади.

Претходно и претседателот Стево Пендаровски излезе на прес-конференција и соопшти дека за сега Македонија добро се справува со Коронавирусот и нема потреба од воведување вонредна состојба.

„Нема потреба од воведување кризна или вонредна состојба во овој момент. Сосема е небитно како ќе ја наречеме таа состојба. Според мерките што се преземаа можно е и во склоп на оваа правна рамка да се воведат уште неколку рестриктивни мерки во однос на движењето на граѓаните од општина во општина, и без да се прогласи вонредна состојба. Ние немаме закон за вонредна состојба. За тоа одлучува Владата. Нема потреба ниту од кризна состојба на цела територија“, рече претседателот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...