Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието на 27 април 2017 година покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета.

Објавил: Васко Белески | 28 декември, 2018 16:05

И новинарите сакаат „правда„? или да лапнат некое евро?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието на 27 април 2017 година денес предводени од новинарот Бови Христов во директно обраќање преку телевизиските камери покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета.

Новинарот Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, информираше  дека во моментов се во комуникација со правници и дека е можно тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка да се утврди одговорноста на поединци во која со преземање или не преземање на одредени дејства придонеле до настанатата ситуација.

-Зад инцијативата сме петнаесеттина, но таа е отворена за сите колеги, фотографи, сниматели… а некаде после празниците сите кои сакаат да учествуваат во иницијативата можат да се приклучат и да ја продолжиме постапката, појасни Христов.

Новинарот Горан Трпеноски информираше дека во инцијативата сакале да се приклучат и вработени во Собранието, но нагласи дека во неа можат да се вклучат и оние новинари-извествувачи од настаните кои биле надвор од Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.