Меј го информираше Заев и дека постапката за ратификација на Протоколот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во британскиот парламент е во завршна фаза.

Објавил: Весна Петровска | 5 јули, 2019 21:59

И Тереза Меј убедува дека Македонија наскоро ќе добие датум за преговори

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

И Тереза Меј изјави дека Македонија се очекува да добие датум за почеток на преговорите, ова го соопшти на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Познањ, исто така Меј ја поздрави препораката на Европската комисија за старт на преговорите за нашата земја со ЕУ и изрази надеж дека тоа навистина ќе се случи во октомври како што најавија повеќето земји членки на ЕУ.

Меј го информираше Заев и дека постапката за ратификација на Протоколот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во британскиот парламент е во завршна фаза.

Како што информира владината прес-служба, премиерите на двете земји изразија задоволство од одличните билатерални односи и надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи, особено во економската соработка. Притоа беше нагласен интересот на британските компании да инвестираат во Северна Македонија.

Премиерката Меј од која премиерот на Полска го презеде претседавањето на Берлинскиот процес и организацијата на Самитот за Западен Балкан, на средбата му честиташе на Заев за копретседавањето со овој процес со Република Бугарија во наредните 12 месеци

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести