Држава на криминал, измамници, полтрони и рекетари!

Објавил: admin@magazin | 17 јули, 2019 5:29

КАРАКАМИШЕВА: “МРШ БРЕ БИТАНГИ ОДВРАТНИ ЛОПОВИ, МИ СЕ ПОВРАЌА ОД ВАС”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Професорката Тања Каракамишева распали на социјалните мрежи и рече за да почне да се расчистува државата од енормниот криминал и да почнеме да се бориме против незаконските дејствија, мора сите инволвирани да бидат опфатени во истрагата и прогонот.

Каракамишева се огласи на социјалните мрежи и напиша дека Македонија е држава на криминал, измамници, полтрони и рекетари! Таа вели дека ова е одлично алиби за ЕУ НИКОГАШ ДА НЕ И ДОЗВОЛИ НА МАКЕДОНИЈА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ!

Во ова време како што тврди Каракамишева, кога сите (со исклучок на неколку пациенти) сфатија зошто го создадоа неуставното СЈО, за кое многу зборувала и пишувала уште пред да се оформи СЈО, треба таа да чувствува некаква лична сатисфакција дека зборела и предупредувала, иако никој не ја слушал.

Држава на криминал, измамници, полтрони и рекетари!
Одлично алиби за ЕУ НИКОГАШ ДА НЕ НИ ДОЗВОЛИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ!
Џабе шиткавте име и идентитет кога сте ОДВРАТНИ криминалци, белосветски лопови и тендераши на кои само ЌЕШОТ им е битен!
Ниту држава, ниту народ есапите!
МРШ БРЕ БИТАНГИ, МИ СЕ ПОВРАЌА ОД ВАС!

Да потсетам, правно, не се виновни само оние што БАРААТ РЕКЕТ.
Виновни се и оние ШТО ДАВАЛЕ РЕКЕТ, и на тој начин сакале да избегаат од правдата!
Штом не пријавиле пред надлежни органи дека им се бара рекет или мито станале соучесници во процесот.
За да почне да се расчистува државата од енормниот криминал и да почнеме да се бориме против незаконските дејствија МОРА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ ВО ИСТРАГАТА И ПРОГОНОТ!
СТОП ЗА СЕЛЕКТИВНАТА ПРАВДА!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести