Бугарскиот колега на Шекеринска и претседател на ВМРО - БНД, Каракачанов, најави средби на бугарите од двете страни на границата, која меѓу Македонија и Бугарија не треба да ја има

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 12:09

Каракачанов: Да нема граница помеѓу Македонија и Бугарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на бугарското ВМРО – Бугарско Национално Движење и министер на бугарската одбрана Красимир Каракачанов присуствуваше на собирот на гробот на Тодор Аександров на 94-годишнината од неговата мсрт во мелничкото село Сугарево.

На настанот преку партијата на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, беа поканети и претставници на ВМРО – ДПМНЕ, кои не се сложија дека Тодор Александров е заеднички херој на заедничката историја.

Каракачанов оваа намера за еден народ во две држави за изјави и на собирот:

Со договорот за добрососедство Македонците треба да заборават на старата политика на ДПМНЕ кога Бугарите во Македонија се плашеа да се изјаснат за својата национана припадност. Сегашната власт не смее да дозволи да завладее руско-српската струја  Затоа треба да ја поддржиме Македонија на патот кон ЕУ. – рече Каракачанов.

Тој додаде дека заветите на Тодор Аександров и Даме Груев биле да нема граници помеѓу Македонија и Бугарија.

Ние сакаме Македонија да биде слободна и нормална држава и народите од двете држави слободно да комуницираат меѓусебно. Да нема граници помеѓу Македонија Бугарија. Тоа ни е националниот интерес. Тоа се и заветите на Тодор Александров и Даме Груев. Денес се собравме Бугари од двете страни на границата, бидејќи минатото и иднината ни е заедничка. – додаде Каракачанов.

На обредот со бакнување на библијата, револверот и камата присуствуваа и европратениците Ангел Џамбазки и Андреј Ковачев, како и министерот за животна средина Нено Димов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.