Се поизвесното ново бугарско вето според лидерот на опозицијата е причина повеќе за предвремени избори. Мицкоски сепак потенцира дека и без разлика на исходот од јунскиот самит на европскиот совет, власта и опозицијата имаат многу повеќе домашни проблеми за кои треба да седнат на заедничка маса.

Објавил: Перо Милчин | 28 мај, 2022 16:51

Коалицискиот совет на Петков одлучи – Нема кревање на ветото без амин од парламентот

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

Ниту вчерашниот 3 часовен состанок на коалициските партнери во бугарската Влада не донесе промени на бугарската политичка сцена.

Секое постигнато решение со Македонија ќе треба да добие поддршка од бугарските пратеници кои ќе се водат според црвените линии зацртани во Декларација за европкската интеграција на Македонија која содржи повеќе спорни членови за македонскиот јазик и идентитет.

Коалициските партнери седнуваат на нов состанок веќе во вторник, но според најавите од бугарските медиуми, фокусот на овој состанок ќе биде буџетот, а не спорот со Македонија. 

Се поизвесното ново бугарско вето според лидерот на опозицијата е причина повеќе за предвремени избори. Мицкоски сепак потенцира дека и без разлика на исходот од јунскиот самит на европскиот совет, власта и опозицијата имаат многу повеќе домашни проблеми за кои треба да седнат на заедничка маса.

Дека се уште нема документ прифатлив за двете страни кој може да доведе до кревање на бугарското вето следниот месец потврди и премиерот Ковачевски. Сепак тој смета дека ова не е причина за распишување на превремени избори бидејќи владата е фокусирана на справување со последиците од економската и енергетската криза. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.