Професионалниот досегашен ангажман му е во стоматолошка приватна ординација, но како ќе се снајде во функционерската улога. Во време на криза со струјата пак МЕПСО го добива Орхан Муртезани, поранешен директор на Транспорт и еден од оснивачите на Алтернатива!

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 декември, 2021 6:05

Кои се новите министри, заменици и директори кои ги доби Алтернатива во Владата

Фото/Текст извор: ©телма

Телма ги има дел од профилите на луѓето кои ќе раководат со неколку клучни институции. Најодговорна функција во време на пандемијата со Ковид 19 ја добива Беким Сали како министер за здравство.

Професионалниот досегашен ангажман му е во стоматолошка приватна ординација, но како ќе се снајде во функционерската улога. Во време на криза со струјата пак МЕПСО го добива Орхан Муртезани, поранешен директор на Транспорт и еден од оснивачите на Алтернатива.

Најспорен е идниот потпретседател на собранието Хусни Исмаили за кои има кривична пријава од Антикорупциската.

43-годишниот Беким Сали, познат во јавноста како кандидат за градоначалник на Алтернатива во Чаир, меѓу луѓето кои го познаваат – долгогодишен стоматолог. Телма контактираше со него, но вели пред и официјално да е назначен на функцијата Министер за здравство не би сакал да коментира кои се неговите предизвици. Веќе 15 години има своја ординација, а на име на сопругата има атеље за венчаници. Сега во време на пандемија ќе треба да седне во столчето од каде се носат битни одлуки за здравствениот систем, особено кога тој дополнително е оптоварен со заразата од корона вирусот. Од јавно достапните податоци за него може да се види дека е член на управниот одбор на клиниката за токсикологија.

Обврската за својата имотна состојба веќе ја исполнил па во анкетниот лист во антикорупциската комисија пријавил дека се што има е на родителите, два стана, два деловни објекти во скопје, и два автомобила.

А токму антикорупциската комисија неодамна звучно го направи и името на идниот потпретседател на Собранието Хусни Исмаили, позиција која е отстапена за Алтернатива со договорот за влез во влада. Исмаили сега е пратеник, но ДКСК му поднесе кривична пријава за злоупотреба на положбата додека беше министер за Култура. оцени дека Исмаили како министер потпишал над 100 проекти надвор од финансиските планови кои чинеле  33 милиони денари. Казната За Делото кое го сторил и за предизвиканата штета, според кривичниот законик е минимум 5 години затвор, но тој моментално има и пратенички имунитет.

Инаку тој е ревматолог по професија и професор на медицинскиот факултет во Тетово, па поради тоа уште неговото назанчување за министер за култура во 2019 та година беше спорно за многумина.

Адмирим Алити и Џемаил Чупи ќе бидат двајца нови министри од редовите на Алтернатива, Алити за информатичко општество и администрација Чупи без ресор задолжен за дијаспора. Алити доаѓа од позиција директор на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија, кој исто така има пријавено имот во ДКСК, или на родителите или на брат му а негова е само трансакциска сметка со 100 илјади денари на неа.

За Џемаил Чупи пак кој се поизвесно е дека ќе биде министер задолжен за дијаспора телма веќе пишуваше пред две години дека оџа од Дебар е кандидиран за амбасадор во КИна. Тој е и поранешен кандидат за градоначалник на Дебар а во биографијата му пишува дека студирал на универзитетот на југоисточна европа во тетово и е доктор по политички науки. ТОј бил дел од исламското училиште Иса Беј во Кондово, а тогаш алтернатива велеа дека го кандидраат за амбасадор бидејки е со научно звање магистар по дипломатија. Откако овој обид пропадна, сега тој ќе биде надлежен за дијаспора.

Заменик министер за култура ќе биде Даим Лучикој е во советничко столче во советот на општина Чаир а неговото име се наоѓа и на листа на донатори на алтернатива за 2020 та со околу 1 000 евра. за заменик министерот за земјоделство абдулшикир абедини не можат да се најдат воопшто никакви податоци додека пак заменикот за образование Лулзим Алиу е професор на педагошкиот факултет од Кичево и е партиски потпредцедател на партијата. ТООООП

Алтернатива вчера ги објави и имињата на неколкумина идни директори меѓу кои најзвучно е она на Орхан Муртезани, кој ќе биде директор на МЕПСО. Тој е портпарол и меѓу оснивачите на Алтернатива, но и поранешен директор на Железници Транспорт. Во вчерашната изјава не сакаше да коментира за неговата подготвеност да раководи со МЕПСО едно од најпроблематичните претпријатија во време на енергетската криза.

од јавно достапните податоци нема многу за останатите директори. Блерим абази идниот директор на управата за водење матични книги најверојатно моментално е вработен во државниот комунален инспекторат, додека беким емини новиот директор на агенцијата за странски инвестиции сега е помлад пазарен инспектор во гостивар.

Сите функции кои ги доби Алтернатива е само за тоа што одлучи да биде дел од актуелното владеачко мнозинство на СДМС И ДУИ и ја зацврсти нивната позиција во собранието во кое сега власта има вкупно 64 пратеници. Уште 40 тина директорски места се договорени меѓу Лидерите Заев и Гаши, но ќе се допрецизираат деновиве.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести