Премиерот на Македонија, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања призна дека комисијата за ревизија на историјата ќе смее да работи дури од март следната година

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 11:18

Комисијата за ревизија на историјата со Грција работи нелегално

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Македонија, на синоќешната седница на Собранието на Македонија, посветена на пратенички прашања, призна дека комисијата за ревизија на историјата помеѓу Македонија и Грција работи нелегитимно.

Премиерот сам се демантираше, како т.н. стручно тело е во ингеренции на Владата на Македонија.

Заедничкиот македонско-грчки комитет на експерти на Македонија и Грција не може да почне со работа пред ратификацијата на Договорот од Преспа во двете земји. – рече премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека тоа би можело да се случи во март.

Одговарајќи на прашање на пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО – ДПМНЕ во врска со експерите ангажирани во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти што го формираа Македонија и Грција, Заев рече дека дел од членовите од македонска страна се универзитетски професори и оти за такви комисии никогаш немало конкурси.

Договорот прецизира во кои области ќе работат комисиите. Целта е да ги отстраниме сите оние работи кои предизвикаа иредентизам, или се спротивни од желбата за градење на пријателство, за меѓусебно признавање, прифажање или слично, убедени дека низ пријателството ќе отвориме други перспективи за многу граѓани, пред се, граѓани и од Македонија и од Грција што дефинитивно ќе биде од помош во сите сфери од општественото живеење. – рече Заев

На забелешката на пратеничката, премиерот кажа дека може да биде предложен експерт и дека доколку може комисијата ќе биде дополнета.

Целта е и преку овие стручни комисии да ги извадиме аргументите на двете страни. Преку аргументите и преку филозофијата на пријателството идно, да ги изнајдеме начините. – рече премиерот.

Претходно претседателот на комисијата, Виктор Габер, кој го предводи македонскиот тим, изјави дека таа треба да почне со работа кон крајот од оваа недела во Солун.

И грчките историчари ќе ни ја бришат историјата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести