Во резолуцијата се вели дека Заев и Ципрас постигнале историски договор

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2018 15:42

Конгресмените на САД мислат дека Македонија им е колонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во резолуцијата 602 што пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот ја претставија давјацата сенатори, се вели дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас успеаја заеднички да постигнат историски договор за решавање на повеќедеценискиот проблем.

Ако биде ратификуван, договорот ќе и го отвори патот на „Република Северна Македонија“ да се приклучи во НАТО и ЕУ, ќе ја острани ранливоста во Западен Балкан и ќе ја намали можностите за руско мешање. Русија се обидува да ја поддржи опозицијата за поткопување на договорот, на што Грција одговори со протерување четворица руски дипломати, се наведува во резолуцијата.

Сенаторот Марфи пред Комитетот истакна дека постигнатиот договор меѓу владите во Скопје и Атина треба да биде поздравен и оценет како голем дипломатски успех.

Ништо нема да го запре Путин да предизвикува поделби меѓу земјите во Европа и на Балканот. Овој договор помага и за зацврстување на НАТО и на ЕУ, и ние сега мора да работиме заедно за да и покажеме на Русија дека нејзиното нелегално мешање во внатрешните работи на други земји нема да успее, рече Марфи.

Сенаторот Џонсон го оцени договорот меѓу Македонија и Грција како исклучително позитивен не само за двете земји, туку и за целиот регион.

Им честитам на Македонија и Грција за постигнатиот договор што го решава проблемот со името и и овозможува на Македонија да тргне напред и да се приклучи во НАТО, кажа Џонсон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести