Коѕијас се обидува да ја излаже јавноста при здрави очи, во Договорот од Преспа децидно пише дека зачленување во НАТО е условено и од исходот на референдумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 9:36

Коѕијас: Нема услови, само прифатете го Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје.

Ова го изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија.

Договорот вели дека (референдумот) е избор на Владата на Скопје, но не е ниту услов, ниту предуслов, ниту правно барање за имплементирање на договорот, ова е од голема важност. – рече Коѕијас.

Според информациите што официјална Атина ги имала од Скопје, како што рече Коѕијас, проценките биле дека излезеноста ќе биде меѓу 40 и 45 отсто, а според тоа Грција била ориентирана дека ќе гласаат 40 – 42 отсто.

Во однос на случувањата кај нас, шефот на грчката дипломатија рече дека ако Заев не ја добие битката во Собранието, според негово мислење, “во секој случај ќе ги добие следните избори, тоа го велат резултатите од референдумот”.

Шефот на грчката дипломатија беше категоричен дека ратификацијата на договорот ќе биде од актуелниот грчки Парламент, а дури потоа, кога ќе дојде време, со одлука на премиерот земјата ќе оди на избори. Паралелно, изрази убеденост дека во Парламентот има мнозинство пратеници кои би го поддржале Договорот од Преспа.

Говорејќи за решението меѓу двете земји, рече дека е исклучително добро и исклучително корисно.

Dоговорот од Преспа е урамнотежен, може да издржи низ времето, тоа е договор што е прототип, како што велат сите меѓународни сериозни универзитетски институции. – смета Коѕијас.

Министерот за надворешни работи на Грција рече дека за иднината на Балканот не постои подобра политика од соработка та меѓу двете соседни земји, бидејќи преку оваа соработка се постигнуваат неколку работи.

Прво да ја стабилизираме оваа земја, која не сакаме да се уништи. Тој што го сака тоа нека излезе и нека каже. Само некои радикални десничари извикуваа “Дајте ни го оружјето да влеземе во Скопје”. Ако ова не е иредентизам?! Замислете, тие тоа да го велеа за нас. Второ, се става крај за сите што размислуваа за Голема Албанија, бидејќи се стабилизира оваа земја. Трето, и Србите и Бугарите ја признаваат реалноста на оваа држава. Односите Грција–ПЈРМ е оска што го стабилизира Балканот. – објасни шефот на грчката дипломатија.

Во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, Никос Коѕијас, говореше и за внатрешно политичка сцена во Грција и ставовите како на коалицискиот партнер во владата, така и за оние на опозицијата.

За Панос Каменос рече дека она што го говори го говори како лидер на партијата што коалицира во владата, а не како надлежен за надворешна политика. А конкретното прашање е само “една мала кавга во бракот” на СИРИЗА и Независни Грци.

Надворешна политика ја води премиерот, телото што се вика Министерски совет што четири пати се согласи, на демократски начин, за Договорот од Преспа кога го подготвувавме и министерот за надворешни работи. Другите не се надлежни за надворешна политика. Господинот Каменос говори бидејќи е лидер на една од двете партии, не говори како да е и тој надлежен за надворешна политика. – објасни Коѕијас.

Во однос ставот на опозициската Нова демократија дека нема да гласа за ратификација на договорот, шефот на грчката дипломатија коментираше дека за прашањата поврзани со иднината на земјата, не одлучуваат само лидерите на партиите туку секој сам поради одговорноста кон земјата и затоа, порача дека најголемата грчка опозициска партија треба да дозволи, нејзините пратеници да гласаат, секој според своја волја.

Дека Коѕијас лаже говори самиот Договор од Преспа во кој  во чл. 2 став 4, точка б, алинеја 2 (втора,трета и четврта реченица), изречно е пропишано дека поддршката на Грција за наше зачленување во НАТО е условено од исполнувањето на два кумулативни услови: прво, од исходот на референдумот (кој мора да е конзистентен со Спогодбата) и второ, усвојувањето на Уставните амандмани (четири на број).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести