Грчкиот министер за надворешни работи, Коѕијас, отворено кажа дека Заев се почесто ги користи термините "македонски јази и нација", само во прилог на успешен референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 13:43

Коѕијас: Си го земавме за нас името „Македонија“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас денеска се се обиде да и даде помало значење на изјавата на американскиот престедател Доналд Трамп кој ги поздрави напорите на Македонија за влез во НАТО, а особено по нападите на опозицијата, дека Грција ги продала македонскиот јазик и идентитет.

Зборувајќи за Реал ФМ, додаде Коѕијас рече дека „за жал, 3/4 од државите во светот ја признаа соседната земја како Македонија која за среќа по нашиот договор ќе стане Северна Македонија“.

Коѕијас  не пропушти да „предвиди“ дека по ратификацијата на Преспанскиот договор, Американците ќе почнат да ја нарекуваат ПЈРМ како ‘Северна Македонија’. Ако и нашата влада, додаде тој, „штом процесот ќе заврши, ќе биде викана од страна на Американците Северна Македонија. Затоа велиме дека го зедовме името назад, а не дека го предадовме“, вели Коѕијас.

Тој, исто така, изјави дека „ние никогаш немавме барање за македонскиот јазик, Александар Велики не зборуваше македонски, туку (филозофот и учител –н.з.) Аристотел му зборуваше на грчки јазик, а од 1977 година грчката влади во ОН го призна македонскиот јазик, а дури и во 50-тите години, грчките влади на свој начин го препознаваа јазикот како македонски “.

„Тоа е втора земја во историјата на Европа која го менува своето име“, додал министерот Коѕијас како што пренесуваат грчки медиуми.

Осврнувајќи се околу македонскиот премиер Зоран Заев, кој постојано зборува за „македонски јазик“, Коѕијас рече дека тоа го прави во прилог на успешен референдум во дебатата во која не доминира фактот дека тој го менува името на неговата земја.

Ова доаѓа по пораката на претседателот на САД, Доналд Трамп, упатена до претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за Денот на независноста во која стои:

„Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особно во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам се најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.