понеделник, 29 април 2024

MK/ EN/ DE



Доколку сето ова го гледавте на Евровизија пред прогласувањето на победникот, и бевте во неизвесност, залудно сте се нервирале како и милион Македонци и Швеѓани...

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2019 11:32

ЛАЖНА ДРАМА НА ЕВРОВИЗИЈА: Пред неизвесната завршница беше јасно дека Холандија е победник- откриено што се случи со гласовите од телеволтингот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Инфаркт завршница на финалето на Евросонг; Холандија води, но Македонија и Шведска чекаат гласови од публиката. Тамара Тодевска е пред инфаркт а Швеѓанецот стиска палци, а Холанѓанецот крцка рацете… Тензија!

Доколку сето ова го гледавте на Евровизија пред прогласувањето на победникот, и бевте во неизвесност, залудно сте се нервирале како и милион Македонци и Швеѓани, кои следеа пред тв екраните, бидејќи во моментот кога Холанѓанецот ги доби гласовите од публиката се искачи на првото место, сите кои ги знаат правилата за гласањето на Евровизија, им беше јасно дека Македонија и Шведска немаат ама баш никаква шанса за да ја престигнат Холандија. Се веќе претходно беше одлучено, а наспроти тоа водителите и натаму оставија фановите, односно милионската публика да биде во неизвесност, ја правеа атмосферата уште пожешка, но си поиграа и со чувствата на несреќните финалисти кои се надеваа на победа.

Што навистина се случи со гласовите од телеволтингот. Што навистина се случи на Евровизија? Следете го овој водич за правило на гласање на Евровизија и доживејте ја одново лажната еуфорија која ни ја приредија во саботата вечерта.

Што навистина се случи ќе открие волшебениот број 2.378 кој ја создаде целата лажна еуфорија, запомнете го овој број!

ПРВ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ЖИРИТО

Сите знаеме дека натпреварувачите најпрво ги добиваат гласовите од стручното жири од 41 земја кои учествуваат и гласаат за учесниците.

Секое жири, однсоно секоја држава доделува 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 поени, односно 58 вкупно, или вкупно 2.378 поени (тоа е нашиот таен пријател, волшебниот број 2.378! Дали го запомнивте?)

Еве како изгледаше табелата по гласањето на жирито:

Шведска 239 поени од жирито

Македонија 237

Холандија 231

Италија 212

Азербејџан 197

Австралија 154

Чешка 150

Швајцарија 148

Русија 125

Малта 75

Данска 69

Кипар 69

Франција 67

Исланд 48

Норвешка 47

Грција 47

Словенија 46

Албанија 43

Србија 38

Естонија 38

Германија 32

Белорусија 18

Сан Марино 16

Британија 13

Израел 12

Шпанија 7

ВТОРИОТ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ПУБЛИКАТА

Е сега доаѓа делот кој е многумина очигледно не го сфатија, гласовите од публиката или така наречениот телеволтинг.

Гласовите од публиката се собираат на ниво на секоја држава која гласа, а потоа на учесниците им се доделуваат поени по принципот 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 како и кај гласовите од жирито.

Во случајот може да се земат гласовите од Србија, на пример песна која освоила најмногу гласови од публиката во Србија добива 12 поени, следната 10, па се така до најмалку освоените гласови, 1 или неосвоени 0 гласови.

Така од публиката од секоја земја ќе бидат доделени вкупно 58 поени (1+2+3+4+5+6+7+8+10+12) што значи дека во вториот дел на гласањето на публиката во игра се уште 2.378 поени, односно 58 бодови кои ги дала публиката од 41 земја.

Со гласовите од публиката кои се решавачки, се постигнува поголема тензија и возбуда кај гледачите на шоуто, па така се соопштува претставникот со најмалку бодови, па се до победникот.

Да го разјасниме тоа со примерот на Шпанија, која во првото гласање со бодовите од жирито таа беше последна на табелата и доби само 7 бода. Кога дојде ред за прогласување на бројката на гласови, од гласањето од публиката, наместо да им ги соопштат на Шпанија гласовите добиени од телеволтингот, тие бодови се собираат и пресметуваат во поени, или во случајов Шпанија доби 53 бода од сите држави.

Што значи дека Шпанија вкупно освои 60 бодови, 7 од стручното жири и 53 од публиката од сите држави.

ТРЕТ ДЕЛ: РАСТЕ ВОЗБУДАТА

Натпреварувањето продолжи со тензии, и се соопштуваше кој учесник колку поени добил од гласањето преку телеволтингот. 

Но во еден момент Русија доби одлични 244 поени од публиката и се искачи на првото место со вкупно 369 поени.

Потоа ја престигна Италија која добива 253 бодови од публиката и со гласовите од жирито 212 сега има вкупно 465 бодови.

Останаа само да ги доделат гласовите на Холандија, Македонија и Шведска. И тука доаѓа големата завршница која организаторите на Евровизија не ја предвидоа најдобро.

МАГИЧНИОТ БРОЈ 2.378

Тука повикуваме помош од нашиот таен пријател, бројот 2.378, што ли ќе се случи сега?

Тоа што не го размислиле убаво организаторите на Евровизија е дека со редот на соопштување на гласовите од публиката од најслабиот од најдобро рангираниот, ние во секој момент можеме да пресметаме колку бодови останале да се поделат на преостанатите учесници.

Така во финалната вечер, пред Холандија, Македонија и Шведска 23 земји учеснички веќе ги добија своите поени или вкупно 1.966 бодови од публиката, Шпанија 53, Израел 35, Британија3 и така натаму. Бидејќи вкупниот број од публиката е 2.378, ни бод повеќе, ни бод помалку, тоа значи дека за распоредот на Холандија, Македонија и Шведска останаа точно 2.378-1.966=412. Ни бод повеќе, ни бод помалку.

Во тој момент се распоредуваат овие бодови, па така:

Италија 456 бодови, (212 од жирито и 253 од публиката)

Шведска 239 поени од жирито

Македонија 237 поени од жирито

Холандија 231 поен од жирито

Потоа Холандија следна дознава колку бодови добила од публиката, драмата и тензијата во Тел Авив врие!

 

ПРОСЛАВАТА МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ, НО НЕ ПОЧНУВА?

Математиката сега е јасна: На Холандија и се потребни најмалку 235 бодови од публиката за да се искачи на првото место пред Италија.

Ако добие толку поени, се е јасно, Холандија е победник на Евровизија, бидејќи за Македонија и Шведска остануваат да се поделат помалку бодови од публиката со што нема да се искачат на првата позиција.

Потоа водителите открија дека Холандија доби дури 261 поен што ја искачи на врвот со недостижни 492 поени! Холандија е веќе победник, но дали тоа некој ќе му го соопшти на младиот ХОЛАНЃАНЕЦ. НЕ! Тој без потреба е во прединфарктна состојба, додека ги чека гласовите од публиката за Шведска и Макеоднија, иако нема причина за тоа. Очигледно не е свесен дека е убедливо победник.

Холандија 492 поени (231 од жирито + 261 од публиката)

Италија 465 (212 од жирито+253 од публиката)

Шведска 239 од Жирито

Македонија 237

И не е само тој во неизвесност, туку и натпреварувачите на Шведска и Македонија и цел Тел Авив, 2 милиони македонски, 10 милиони швеѓани и 17 милиони холанѓани кои чекаат да биде прогласен победникот. 

Сега останаа и Шведска и Македонија на кои требаше да им се доделат само 151 поен кои се непрестижни за Холандија на која се уште никој не и кажува дека е победник!

 

Гласањето продолжи и на ред е Македонија, сјајната Тамара Тодевска да ги сознае поените. Возбудата е на врвот, за 2 милиони Македонци и 17 милиони Холанѓани се на нозе.

Дали Тамара ќе успее од публиката да освои 256 поени кои се потребни за да се искачи на прво место? Дали Тамара како тотален аутсајдер, со квота од 501 глас, која во кладилниците беше на 11то место, ќе успее да приреди најголемо изненадување на Евровизија. 

Веќе знаеме дека останаа само 151 поен, но водителите се уште ја држат во неизвесност публиката! Или не знаат дека може да се пресметаат бодовите кои останале, а победникот е веќе очигледен, или намерно ја држат во неизвесност публиката.

И ете чудо, Тамара доби 58 поени од публиката, видно е разочарана но достоинствено го призна поразот и се заблагодари на публиката.

Лажната драма доживува врв кога Бар Рафаели и нејзиниот колега, се уште не го соопштуваат победникот. Тие и соопштија на публиката дека на Шведска и требаат 254 поени од публиката за да се искачи на првото место, но дали е тоа возможно? НЕ. Веќе е јасно дека Шведска ќе ги добие 93те бодови кои останаа, но водителите не го соопштуваат тоа, се уште трае тензијата.

На игли се 27 милиони луѓе во Шведска и Холандија, секако безпотребно, бидејќи Холандија веќе на големо е победник.

По неколку минути лажна драма, гледај чудо: Шведска доби баш 93 бодови колку што останаа. Претставникот на Шведска е во неверување, како да доби шлог, а ерупција од воодушевување кај Холандија.

Лажната атмосфера настапува во Холандија, следната година ќе се возбудуваме во Амстендарм.Но може и така е поубаво.

Запомнете: Учете ги децата на математика, па дури и да ја користат само на Евровизија!

Извор Блиц.рс

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.