„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Објавил: Весна Петровска | 8 август, 2019 13:20

Лиле Стефанова: Згрозена сум од снимката за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова. во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Италјанските медиуми објавија снимка од Рекет

Стефанова повтори дека сите документи за притвор и решенијата во случајот „Империја“ ги потпишувала Катица Јанева.

За потсетување, италијанските медиуми објавија видео од моментот кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев. Италијанскиот весник La Verità утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.

Ларис Гајзер,, италијанскиот новинар во „Ла Верита“, кој денеска ја објави видео снимката од случајот „Рекет“, се огласи на својот Фејсбук профил преку статус.

Неговиот статус во продолжение можете да го прочитате ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.