Бајрам е повод за да се потсети на сиромашните, децата без родители и на осамените. Тоа, според познавачите на исламот, е должност на секој муслиман за Бајрам.

Објавил: Македонка Димкин | 4 јуни, 2019 10:28

„МАГАЗИН“ на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан-бајрам

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонските ѓраѓани  од муслиманска вероисповед  , денес го слават Рамазан-бајрам. Ова е само еден од неколкуте празници во годината, кои ги поврзуваат граѓаните во државава токму преку нивната различна верска определба. Муслиманите ќе го слават еден од најголемите празници, а христијаните, пак, ќе изразуваат почит кон своите соседи и сограѓани. Така е зашто македонскиот мултирелигиски соживот има длабоки корени во земјава, но токму за време на празниците тој е и најмногу видлив.

Традицијата на почит п родолжува  едни кон други, без разлика на религијата, и без разлика на опкружувањето, состојбите и наметнатите околности. Оние што имаат свои блиски пријатели муслимани ќе ги посетат за празникот, повеќето од нив ќе разменат честитки преку телефон, но и преку социјалните мрежи.
Месецот рамазан, во кој верниците постеа,  од изгрејсонце до зајдисонце, е деветтиот месец во исламскиот календар, а наедно е и месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите Куранот. Токму по завршувањето на постите, муслиманите го слават празникот Рамазан-бајрам.

Бајрам започнува со Рамазан-бајрамска молитва, потоа се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и блиските. Празникот прво им се честита на најстарите, а потоа на другите. Помладите секогаш одат кај постарите. За славењето на денот се приготвуваат и се служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава). Празникот се слави три дена и за цело време се оди на честитање.

За празникот се испраќаат пораки полни со солидарност, изрази на морална помош и пораки за што поскоро поминување на мачните и тешките денови. Бајрамот е исто така повод за да се потсети на сиромашните, децата без родители и на осамените. Тоа, според познавачите на исламот, е должност на секој муслиман за Бајрам.

Инаку, улогата на Исламската верска заедница во земјава има големо значење во развивањето на меѓуверскиот дијалог и соживот за Република Македонија, за нејзиното афирмирање како држава богата со различни културни вредности.
Минатата година во интервју за „Нова Македонија“, токму во пресрет на празникот Рамазан-бајрам, првиот човек на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи истакна дека сите заедно треба да продолжиме да ја негуваме определбата за почитување на верската различност и меѓусебна толеранција, со што ќе го дадеме својот придонес за подобро утре на денешните и на идните генерации.
Според него, соживотот е начин на живеење и на размислување, а не е обична куртоазија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.