Инцидент во Кавадарци

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 14:39

Маж во Кавадарци избоде 25 годишно момче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дваесет и петгодишен кавадарчанец вчера од сограѓанин бил прободен со остар предмет.

Поради сериозноста на повреди момчето е пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза” Скопје.

Од МВР соопштија дека од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека на улицата “Тиквешко востание” било земено лицето Ј.М. со убодни рани од остар предмет. 

Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиниките во Скопје.

Повредите му биле нанесени од лицето Г.С. [ 38 ] од Кавадарци. Напаѓачот бил приведен во Полициската станица Кавадарци и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...