Најниски плати во Европа имаат Молдавците или 212 евра месечно

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 16:00

Македонските граѓани земаат 400 евра просечна плата, швајцарските 4000 евра

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Последните анализи покажуваат дека Швајцарците се на врвот со плата од 4.370 евра и не се дел од ЕУ, а меѓу земјите во Европската унија, Данска има највисок приход од 3.309 евра. Просечната плата во Македонија за јануари годинава, според Државниот завод за статистика, достигна околу 400 евра, поточно 397 евра, а по нас е Албанија со 378 евра, пишува Vecer.press.

Највисоките плати во Европа имаат земјите кои не се членки на Европската Унија. Швајцарците се на врвот со плата од 4.370 евра, на второто место се граѓаните на Исланд со 3.568 евра, а третото место е резервирано за Норвежаните со 3.309 евра.

Во Македонија минимална плата во моментов е околу 200 евра, иако има најави од страна на Владата дека треба да се зголеми.

Последните анализи покажуваат дека меѓу земјите во Европската Унија, Данска има највисок приход од 3.309 евра, потоа Луксембург со 3.159 евра, а потоа и Шведска со 2.570 евра. Во Германија, која е една од најсилните економии во Европа, вработените имаат просечен приход од околу 2.270 евра.

Најниски плати во Европа имаат Молдавците или 212 евра месечно.

 Лидери во регионот со просечната плата од 1,077 евра се Словенците, а по нив следуваат Хрватите со  просечна плата од 832 евра месечно. Просечната плата во Црна Гора е 512 евра, во Србија изнесува 460 евра, а во Босна и Херцеговина достигна 445 евра месечно, во Грција е 917 евра. Просечната плата во Бугарија е 457 евра, а нешто подобра ситуација е во Романија каде што приходот изнесува 535 евра месечно.

Просечната плата во Македонија за јануари 2019 година според Државниот завод  за статистика се движи околу 400 евра, поточно 397 евра, а по нас е Албанија со  просечни приходи од 378 евра.

Сепак, засега македонските работници се наоѓаат на дното во Европа по минимална плата и се далеку од месечната социјална  потрошувачка кошничка неопходна за да опстане едно четиричлено семејство, која според Синдикатот, е околу 500 евра.

Во ЕУ за сиромашна личност се смета секој оној што заработува помалку од 60 отсто од просечната плата. Се зема и предвид реалната ситуација во секоја земја, како што се месечните трошоци за храна, комуналии, кирија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...