Панос Каменос- лидерот на АНЕЛ (Независни Грци) најави контра-тужба против Никос Коѕијас.
Поранешниот шеф на грчкото МНР, Коѕијас тврди дека бил уценуван и под закана. Додава дека за за него биле ширени неколку лаги, меѓу кои и тоа дека добил 50 милиони евра од Сорос и дека ги злоупотребувал тајните фондови во грчкото МНР.
Земајќи ја предвид веста објавена во “Ефимерида“ за основано сомнение за користење на милионски суми од грчките тајни фонодви за финансирање на медиуми во Албанија и Македонија, како и за лобирање за црковните интереси, анализира телевизија „Алфа“.дека во октомври минатата година, тајните фондови се од особено значење за нашата земја.
На прашањето зошто биле финансирани медиуми во Албанија и Македонија, за кое пишуваше новинарот Димитрис Такис, кој воедно и ја објави аферата, одговорот бил дека овие пари се користеле за да се финансираат позитивни новински написи за Грција во македонските и албанските медиуми, и воедно да се лобира кај поедини новинари и сопственици на медиуми во нашата и соседната земја да работат за грчките интереси.
Но и покрај сите шпекулации на оваа тема се уште нема никакви детали за истрагата дали навистина со милионски суми биле плаќани новинари и сопственици на медиуми во Македонија и Албанија ниту пак некој одговорил на ова прашање.
Лидерот на АНЕЛ, Каменос, најави дека до судот ќе достави сериозни докази кои ќе ја докажат инкриминираноста на Коѕијас.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.