Каракачанов на јасен став дека македонскиот јазик во основа е бугарски дијалект кој се говори во бугарската територија Северна Македонија каде живееле и живеат Бугари

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 7:06

Македонците треба да станат нормален народ, добри Бугари

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов ги повтори ставовите за бугарско македонските односи и изрази незадоволство од работата на заедничката комисија.

Каракачанов и по реакцијата на македонското МНР, со остра реторика за комисијата која треба да го дефинира заедничкото историско наследство.

Во емисијатана бугарското национално радио тој ги критикува бугарските претставници во Комисијата, кои, според него, не стојат цврсто на позициите на Бугарија.

За една и пол година таа таканаречена комисија во пракса нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се прават компромиси, што, според мене, е недопустливо. А од македонска страна “тресат”. – вели Каракачанов.

Македонската страна, како што изјави, тврди дека Цар Самуил војувал и среде Бугарија.

Тој додава дека не жали за Договорот меѓу двете земји, бидејќи бил чекор напред.

Има многу јасни членови во Договорот за пријателство со Македонија, но во Скопје треба да престанат да ја фалсификуваат историјата. – рече тој.

Каракачанов порачува дека во Скопје треба да се смени менатлитетот, а Македонија со овој менталитет не би требало да влезе во НАТО.

Треба да се осветат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари. Како претседател на ВМРО – БНД, човек, историчар и Бугарин, имам право на свое мислење и ќе го бранам. – изјави Каракачанов.

Во врска со иднината на државната Агенција за Бугарите во странство, тој вели дека Бугарија не дефинирала јасно каква е нејзината политика кон Бугарите во странство, но, според него, бидејќи има четири милиони Бугари во странство неопходно е посебно министерство за нив.

Претходно Каракачанов му порача на премиерот Зоран Заев, “да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, зашто тоа може да ја чини Македонија членство во ЕУ и во НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.