Марко Милачић, граѓанскиот активист и лидер на „Отпор на безнадежноста„ во видео порака, рече дека Црна Гора ќе остане слободна земја како до сега и нема да има никаков компромис со Албанците.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 март, 2019 10:53

Марко Милачић со јасна порака: Ова не е Албанија, ова е Црна Гора, така беше и така ќе остане!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Марко Милачић, граѓанскиот активист и лидер на „Отпор на безнадежноста„ и права Црна Гора, со видео порака до албанските и црногорските политичари кој ги нарече злочинци, кои сакаат да ја присвојат Црна Гора и да создадат голема Албанија на Балканот.

Марко Милачић, граѓанскиот активист и лидер на „Отпор на безнадежноста„ во видео порака, рече дека Црна Гора ќе остане слободна земја како до сега и нема да има никаков компромис со Албанците.

Милачиќ кој беше уапсен и приведен во полиција 20 дена, поради палење на знамето на НАТО во 2017 година, удри жестоко по албанците и рече дека на неодамнешните избори кои се одржаа во Туза, Албанците славеле по улиците и скандирале ОВК, со тоа што ти ја скандирале најголемата терористичка организација во Европа, баш во Црна Гора.

Тој рече дека Албанците се борат за своја територија и голема Албанија да создадат интерес и империја за својот народ.

» Се наоѓаме во Хума ридот на Малесија, која припаѓа на општината Туза, каде пред неколку денови се одржаа локалните избори, на која победи коалицијата на албанските партии. Секако има честитаме на добриот резултат, и фактите дека со големо водство ја прегазија партијата на Мило Џукановиќ.

Исто така и најискрено им завидувам на партијата, како се бори за својот национален интерес и империја, и за својот народ.

Претседателот на „Права Црна Гора„ Марко Милачиќ (34) познат е како најголем критичар на владеењето на Црногорскиот претседател Мило Џукановиќ. Познат е активист кој во 2017 година беше уапсен и помина 20 дена во затвор, поради палењето на НАТО знамето.

Она што ми засмета од друга страна како човек, а помалку како политичар беше прославата на таа изборна победа, која вклучуваше кореографија која повеќе припаѓаше на Каиро ,него на земја која се наоѓа во срцето на Европа.

Скандирањето на ОВК ослободувачка војска на Косово, последна терористичка организација во Европа, и организацијата која судејќи по Европските извештаи, многу наши сонародници ги прати во смрт.

Ова е срамно, скандалозно, недопустливо и понижувачки за повеќето луѓе од православниот народ во Црна Гора, но и за сама Црна Гора. Тоа е анти цивилизациски чин. И на базата на таа еуфорија, и радоста на терористите или на радоста на голема Албанија, можеме да претпоставиме што нас ќе не чека во иднината со нивите планови.

Косовски сценарио, односно постепено соочување со губењето на сопствената територија.

Слушнавме овие денови и од опозициските претставници, дека големото славење во Туза било безначајна младинска игра.

»НЕ, тоа никако не беше безначајно младинско славење на емоции, туку беше врвот на ладниот брег на политиката на оние партии кои победија во Туза, но не само и тие што ја сакаат голема Албанија на овие простори, исто така и тие кои работат под голема наредба од Тирана и Приштина.

Кога албанските партии добија посебна своја општина од Џукановиќ, тој мислеше дека на големо ниво ќе соработува со нив, но на овие избори кој се случија скоро, тие му го завртеа грбот, но не само нему туку и на Црна Гора.

Јас сум среќен што мојата партија се залага за братски добри односи со сите партии во Црна Гора, но секако и Албанците. Ова е заедничка земја. Меѓутоа граници на однесување мора да постојат, базирани пред се на уставот на оваа држава.

И баш од ова место сакам да пратам симболична но и одлучна порака на лидерите на Албанските партии кои ја преувеличуваат голема Албанија и ОВК овие денови, но и на нивните ментори надвор Еди Рама и на злочинците Тачи и Харадинај.«

Туза и Малесија се нераздвојни од Црна Гора. Ако веќе ДПС и Мило Џукановиќ поради страв од губење на гласовите, тоа не смеат да го кажат, тогаш јас ова ќе го кажам во името на слободниот народ на Црна Гора и пред знамето на оваа земја.

ОВА НЕ Е АЛБАНИЈА, ОВА Е ЦРНА ГОРА !!

ТАКА БЕШЕ ТАКА Е, ТАКА Е И ТАКА ЌЕ ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ и со тоа нема погодување ниту компромис со вас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.