Мир живее во куќата на гувернерот заедно со уште шест мачки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2020 20:16

Миленикот на Путин во карантин: Сибирската мачка Мир во изолација поради коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Tanjug, Foto: Youtube prtscr / RTR Japan, Profimedia

Мир, сибирската мачка донирана од рускиот претседател Владимир Путин на гувернерот на јапонската префектурата Акита Норихис Сатаке во февруари 2012 година, е ставена во карантин поради сомнение дека е заразена со корона вирус, изјави гувернерот.

Мир живее во куќата на гувернерот заедно со уште шест мачки.

„Бевме многу вознемирени од веста дека вирусот корона е регистриран кај домашни мачки во САД“, рече гувернерот, додавајќи дека поради ова, ги ставиле своите миленици во изолација додека не помине опасноста од инфекција.

„Ние сакаме Мир да нема контакт со никој друг надвор од нашиот дом и се надеваме дека наскоро ќе помине опасноста што им се заканува на луѓето и на животните“, рече гувернерот.

Тој рече дека мачката е дел од семејството веќе осум години.

„Тој има мирен темперамент, одличен апетит, тој е силен и среќен“, рече гувернерот, додавајќи дека ова милениче има посебно место во неговиот живот.

„Секогаш кога ќе го погледнам, се чувствувам смирено“, истакна гувернерот.

Летото во 2012. гувернерот му подари на Путин куче во знак на благодарност за помошта од Русија за Јапонија во времето кога земјата ја погодија низа земјотреси и цунами во март 2011 година.

За возврат Путин му ја подари мачката Мир.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести