Златко Теодосиевски за време на божиќните и новогодишните празници добил известување од Министерството за култура, дека неговата услуга во министерството не е повеќе потребна.

Објавил: Перо Милчин | 15 јануари, 2019 14:20

Министерот Асаф Адеми му удри “клоца ” на ликовниот критичар Златко Теодосиевски

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ликовниот колумнист и критичар, Златко Теодосиевки, не е повеќе советник на министерот за култура за креирање на културни политики.

Златко Теодосиевски за време на божиќните и новогодишните празници добил известување од Министерството за култура, дека неговата услуга во министерството не е повеќе потребна и дека слободно може да си оди дома.

Златко Теодосиевски го објави известувањето на својот фејсбук профил во кое Министерството го доставило на 3-ти јануари.

„Меѓу првите честитки во Новата 2019 ми беше и од министерот за култура со известување дека „нема потреба од мое понатамошно ангажирање како стручно советодавно лице за креирање на културни политики за 2019 година“. Јас, наивен, мислев дека реформите допрва почнуваат, а тие штотуку – завршиле!
Но, од друга страна, мислам дека министерот ми направи услуга да не бидам соучесник во тоа што следува. Морам да најдам начин да му се заблагодарам“, напиша Теодосиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести