-Што направивте за овие 3 години на власт? Реформите се прават за граѓаните, вие 3 години што правите?, запраша Мисајловски и додаде:

Објавил: Весна Петровска | 25 октомври, 2019 8:40

Мисалјловски до Закири: Вашата партија се распаѓа – кажете ми еден проект што е комплетно ваш, а јас ќе кажа секоја чест!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој гостуваше во Телевизија 24 на дебата со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, побара тој да каже само еден проект кој во целост го реализирала оваа влада.

-Што направивте за овие 3 години на власт? Реформите се прават за граѓаните, вие 3 години што правите?, запраша Мисајловски и додаде:

„Кажете ми едно ветување што сте исполниле. Кажете ми еден километар автопат што вие го имате зацртано, испроектирани, тендерирано и отпочнато со градба- еден километар автопат ве молам кажете ми. Дали знаете 5 инвестиции во овие 3 години што дошле во Македонија, до каде е Клиничкиот центар, до каде е мостот од Влае до Волково што го ветувавте, водоводот од Липково до Куманово, каде е студентскиот град во Скопје- вие ги ветувавте овие работи. Нема да ви контрирам, пофалете се до каде сте, кажете им на граѓаните. Кажете ми само еден проект што е ваш, комплетно ваш, а јас ви гарантирам дека ќе го пофалам. Ќе кажам секоја чест до цела Влада“.

Зекири видно вознемирен и без конкретен одговор му реплициреше:

„Ако некогаш се градело, сега се гради. Што ви е на вас бе човече, што зборуваш бе, што ми зборуваш бе“.

Исто така Мисалјовски во емисијата истакна коалијата на Закири почнала да доаѓа во ВМРО-ДПМНЕ.

-Во вашата коалиција не ви кажуваат многу зошто почнаа да доаѓаат кај нас, изгледа не знаете многу ако сте потпретседател. Изгледа не ви ја бива коалицијата или пак гледааат луѓето дека тонете. Во ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат сите политички партии и со сите политички партии имаме контакт, му се обрати Мисајловски на Зекири.

Мисајловски го праша и за неисполнетите ветувања на граѓаните, особено за оние ветувања за 300 пилоти во Арачиново.

Потретседателот на СДСМ со неиздржани аргументи и напади го нападна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата е смешна за такви изјави, но паралелно ја прикажа смешна токму неговата партија која им ветила вработување на 300 пилоти во Арачиново и со тоа ги доведе граѓаните во заблуда и лажни очекувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести