При средбата Мицкоски додаде дека со овие избори се определува иднината на Република Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2019 12:12

Мицкоски: Албанци ми пријдоа и ми се доверија дека се незадоволни од власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски го посети струмичко, Куклиш каде што оствари средба со граѓани. При што им се заблагодари што во толкав голем број дошле за да разговараат со него за нивните проблеми и исто така им го честита и големиот христијански празник Велигден.

Сакам да ја искористам оваа прилика да Ви се заблагодарам вам и на Општинскиот Комитет Струмица на ВМРО-ДПМНЕ но истовремено и на месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куклиш овде за големата победа во првиот круг и се надевам дека таа победа ќе биде уште поголема во вториот круг, и очекувам дека ќе биде така. Бидејќи овие избори не се само претседателски избори туку овие избори се и многу повеќе, нагласи Мицкоски.

При средбата Мицкоски додаде дека со овие избори се определува иднината на Република Македонија. Дали сакаме нашата држава да продолжи во овој правец по кој се движи сега како понижена, ограбена или пак во сосема поинаков правец кон правда и право.

 

Во Македонија за жал ситуацијата не е добра, многу е лоша, сите оние неисполнети ветувања, нереализирани очекувања го тиштат и го мачат македонскиот граѓанин без разлика на етничката припадност. Не зборувам само за Македонците, зборувам и за Албанци, зборувам и за Турци, зборувам и за Роми, Власи, Срби буквално за сите, појасни Мицкоски.

Мицкоски истакна дека во Бутел му пришле сограѓани Албанци од околните села кои му кажале дека се разочарани од сегашната власт бидејќи се што им ветиле посебно за локални избори ништо не оствариле. За локалните избори СДСМ таму имал околу 1.000 и нешто гласа, а сега за претседателските само 50-тина гласа, што е очигледен доказ за разочараноста на сите граѓани во Република Македонија.

Маката на сите е подеднаква, сите ние ја чувствуваме  истата мака која што денеска е секојдневие во Македонија и единствениот начин да си помогнеме е да победиме на овие претседателски избори, а пото и да победиме на предвремените парламентарни избори кои што многу брзо ќе се случат по претседателските избори, посочи Мицкоски.

Мицкоски при посетата посочи дека во населеното место Куклиш живеат честити луѓе домаќини кои бараат промени, кои го бараат она што им следува, стабилност, почит и поддршка од државата каква што заслужуваат за нивната мака и труд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.