Мицкоски во емисијата запраша и дали е кршење на Уставот доколку спомене само Македонија и рече дека за него тоа не претставува прекршок.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 април, 2019 23:22

Мицкоски: Од мене никогаш нема да слушнете име на нашата држава со придавката Северна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва во емисијата 200-та на Алсат М, беше гостин лидерот на опозициската партија Христијан Мицковски, кој истакна дека доколку премиерот Зоран Заев би сакал да ги знае чекорите и програмите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот Договор, треба да се осмели и да распише предвремени избори.

Мицкоски во емисијата запраша и дали е кршење на Уставот доколку спомене само Македонија и рече дека за него тоа не претставува прекршок.

Тој во емисијата истакна дека како лидер на ВМРО, во  иднина може ќе има неколку програми и понуди кои ќе ги понуди на народот, но дека тој како политичар никогаш нема да го изговори името на државата со придавката Северна.

-Од мене, како политичар, никогаш нема да слушнете име со придавката на нашето Уставно име, без разлика на тоа дали е реалноста ваква каква што е, или ќе биде поинаква онаква каква што јас ја замислувам, рече Мицкоски.

Тој додаде дека од Владата го одбегнуваат скандалозниот чин со неинтонирање на химната, при пречекот на грчкот премиер Алексис Ципрас.

Реалноста е дека на онака помалку комичен начин се обидуваат од владата да го затскријат скандалот со неинтонирање на македонската химна и непостројување на македонската гарда, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на АлсатМ телевизија коментирајќи ја посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Најпрвин од Владата велат доцнел авионот, а потоа премиерот го гледаме како се препелка на едно интервју велејќи дека не е тоа дека немало време, туку да не му создадел дополнителни проблеми на неговот нов пријател во соседна Грција. Чуму ќе ти е таков пријател, ако не те прифаќа таков каков што си. Мене ми требаат пријатели кои ќе ме прифаќаат таков каков што сум, рече Мицкоски.

Тој укажа дека доколку тој остварел средба со грчкиот премиер Ципрас, средбата би била во друга реалност, а во зависност од тоа каква ќе беше реалност за тоа ќе разговарале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести