Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото,

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2020 17:17

МИЦКОСКИ: Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска сме овдека да одбележиме практично 117 годишнината од херојската смрт на македонскиот деец Гоце Делчев, човекот којшто обединуваше, човекот којшто загина за независна и суверена македонска држава, човекот кој што практично е Македонија и човекот на кого се темели современата македонска држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Гоце Делчев беше човек кој што обединуваше кој што имаше визија, Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, а врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Она кое што сакам денеска од овде како порака да го упатам е тоа дека Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и Гоце Делчев е Македонија и Гоце Делчев не треба да биде предмет за било какви преговори и разговори. Ќе се обидам да ги игнорирам провокациите кои што доаѓаат, за жал сега и кои што се поистоветуваат во предизборието. Ние не сме како некои наши соседи, имињата на нашите дејци кои што крвареле и животот го положиле за оваа држава да ги злоупотребиме во предизборна кампања, напротив, ние се гордееме, сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината, истакна тој.

Тие коишто се закопани во минатото, нека останат таму во минатото на делби и поделби, ние сме тука да шириме енергија која што ќе обединува не само во Македонија, туку и пошироко ќе ги обединува сите балкански народи. Слава му, потенцираше Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести