Мицкоски од Прилеп кажа дека Зоран Заев постојано ги лаже граѓаните за тоа дека Македонија оди напред, а во реалноста всушност стагнира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2019 20:44

Мицкоски од Прилеп: Кога Заев ја говореше вистината – Тогаш кога велеше дека блескаме или сега кога вели ќе имало метла? И тогаш и сега лаже!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета на Прилеп, при што се сретна со голем број на граѓани.

Мицкоски од Прилеп кажа дека Зоран Заев постојано ги лаже граѓаните за тоа дека Македонија оди напред, а во реалноста всушност стагнира.

Мицковски од Прилеп порача: Кога Заев ја говореше вистината – Тогаш кога велеше дека блескаме или сега кога вели ќе имало метла? И тогаш и сега лаже!

Мицкоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до победата над неправдите и потребно е уште многу малку, уште неколку чекори за да се направи првиот триумф кој ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори, по кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе Македонија на вистинските патеки кои народот ги заслужува.

– Реалноста денес е тешка и таа болна реалност е донесена од власта. Имаме работа со двајца Заевци, еден во првиот круг, кој велеше дека блескаме, дека одиме напред, дека економијата е силна, дека инвестициите и вработувањата растат. Вториот Зоран Заев го имаме сега во овој изборен круг кој вели работата нечии, ќе има метла. Па се прашувам кога ја говореше вистината првиот или вториот круг? Одговорот го знае секој еден граѓанин, а тоа е дека и тогаш и сега лаже за да остане на функција, затоа народот му ја спрема нему вистинската метла, прво на 5 мај, а потoа и на предвремените парламентарни избори. Македонија е најважна од се, и за тоа се бориме и ќе продолжиме да се бориме, кажа Мицкоски.

Мицкоски порача дека победата е на дофат и дека на 5 мај треба да избереме право и правда. Да ја избереме Гордана Силјановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести