"Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот"

Објавил: admin@magazin | 4 август, 2018 15:25

Мицкоски: Разните понуди да се реализира договорот со Грција ги сметам за непристоен предлог

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска.

Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи – пишува Мицкоски.

Тој додава дека суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие кои што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби.

И кога веќе е очигледно дека тонат, и во тонењето продолжуваат да лажат, па измислуваат некакви барања за амнестии кои треба да го покријат очајот. Но чукаат на погрешна врата, како што нагласив и претходно, компромиси со моите принципи нема да има. А непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер – вели Мицкоски.

Влада чија главна задача се делење на државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, хедонизмот цвета, а корупцијата е заеднички именител не може да биде влада која ќе донесе иднина, туку влада која ќе зациментира небиднина, завршува тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести