Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, покажува дека е криминална и варварска власта.

Објавил: Македонка Димкин | 19 март, 2019 11:18

Мицкоски: Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на Заевизмот кој губи.

Доаѓа правда за сите напиша на неговиот фејсбук профил, лидерот на најголемата партија во Македонија, Христијан Мицкоски

Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта.

Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот.

Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.

Доаѓа правда за сите напиша на неговиот фејсбук профил, лидерот на најголемата партија во Македонија, Христијан Мицкоски


Полицијата по налог на јавен обвинител утрово го лиши од слобода лидерот на партијата ГРОМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски

Функцијата градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат

Јакимовски утрово треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, каде што за него ќе се бара притвор.

Екс-градоначалникот и лани во август беше уапсен. Јакимовски е под истрага во врска со три тендери од страна на финансиската полиција, два за општинските бараки и еден за плоштад во Жданец.

Поранешниот градоначалник на општина Карпош е осомничен за злоупотреба на службената должност за легализација на државно земјиште. Освен него приведени се уште двајца службеници од општината, раководители на оддели за ескпропријација и за урбанизам.

Обвинителството се сомнева на проневера од еден милион евра, разлика во цена на легализираното и продадено државно земјиште по пониска цена (5 евра од квадрат).  

Од август 2018 за Јакимовски важи мерката на претпазливост за истрага отворена од обвинителството за злоуптреба на службената положба. Јакимовски е осомничен и во истрага на СЈО за случајот  „Хармонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести