Петре Шилегов гратскиот татко на Скопје, изјави дека е при крај реализацијата на тендерот за оваа намена а во моментов се одвива тест-периодот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2019 22:20

Наместо напред се враќаме години наназад -ЈСП ги враќа хартиените билети

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно од 1ви ноември жителите на главниот град повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз.

При крај е реализацијата на новата Андроид апликација за скопскиот јавен превоз, која на граѓаните преку своите мобилни телефони ќе им овозможи да го проверат возниот ред на автобусите.

Петре Шилегов гратскиот татко на Скопје, изјави дека е при крај реализацијата на тендерот за оваа намена а во моментов се одвива тест-периодот. На утрешната седница на Советот на град Скопје треба да биде утврдена цената за билетот за едно возење кој најверојатно ќе чини 50 денари. Шилегов најави дека ЈСП Скопје ќе набави 300.000 електронски билети што ќе можат да се купат во градските автобуси. Тие ќе треба да се валидираат идентично како и картичките „Скопска“. Цената на билетот ќе биде повисока, поради фактот што тие ќе се купуваат кај возачите во самите автобуси.

Но новост е и тоа што од оваа есен граѓаните и самите ќе може да ја надополнуваат нивната картичка од својот мобилен телефон, но и да проверат колку средства и возења имаат останато на нивната сметка, а ова ќе се постигне во договор склучен со „Македонски Телеком“.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести