Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 14:24

ПЕНЗИОНЕРИ СО ШТРАФЦИГЕР ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД НОВИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

Фото/Текст извор: ©Сдк.мк

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои ги има во новите автобуси на гас на ЈСП „Скопје“. Откако 33 автобуси беа пуштени во сообраќај секојдневно во нив има контроли во цивилка кои проверуваат дали патниците ги уништуваат возилата. Досега биле фатени четворица граѓани како се обидуваат да ги украдат полначите, објави СДК.

„Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 72-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат“, велат од ЈСП „Скопје“.

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6. Овој тип на автобуси е прогласен за еко автобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката ‘Син ангел‘ бидејќи воопшто не го загадуваат воздухот.

Еден еко автобус годишно ќе заштедува до 25.000 евра за гориво во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП „Скопје“, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести