Бизнисменот Трифун Костовски како главен акционер на Еуростандард банка вчера обвини дека случајот е „сценарио коешто е правено со месеци наназад за никој да не знае само блиски до тие кругови од НБ на време биле известени да си ги повлечат парите“ и најави тужба против државата и НБРМ пред меѓународен суд.

Објавил: Владо Марин | 15 август, 2020 16:56

Народна банка ќе го тужи Костовски за невистини и клевети во врска со случајот Еуростандард банка

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Народна банка ќе ги преземе сите расположливи правни средства против сопствениците на Еуростандард банка АД Скопје за невистините и клеветите по донесување на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на Банката, соопштија денеска од НБРМ, без притоа да прецизираат што подразбира тоа, објави 360 степени!

Бизнисменот Трифун Костовски како главен акционер на Еуростандард банка вчера обвини дека случајот е „сценарио коешто е правено со месеци наназад за никој да не знае само блиски до тие кругови од НБ на време биле известени да си ги повлечат парите“ и најави тужба против државата и НБРМ пред меѓународен суд.

Од НБ денеска повторија дека сите мерки кои ги имаат преземено кон Еуростандард банка АД Скопје се за заштита на депонентите на банката и уверуваат дека банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен како и сите други банки и штедилниците.

„Ако не се стореше тоа, банката, депозитите на граѓаните и компаниите ќе можеше да ги пласира во кредити, а без да има доволен капитал. Народната банка мораше и на овој начин да ги заштити граѓаните и компаниите – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје и го стори тоа“,

се наведува во соопштението.

Народната банка исто така укажува дека сопствениците имаат законска обврска да обезбедат капитал за покривање на загубите на банката.

„Со вложениот капитал од сопствениците во 2019 година, Банката ги достигна минималните законски барања кои од денешна перспектива значат обезбедени дополнителни 11 милиони евра капитал во билансот на Банката. Сопствениците не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година, ниту изнесоа издржано и реално решение за пренесување на сопственоста на инвеститор којшто би извршил докапитализација на Банката во обем и со динамика кои би овозможиле нејзина одржливост, со оглед на состојбата во која Банката се наоѓаше“, објаснуваат од НБРСМ.

Народната банка на 12 август ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка – Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...