И по 17 години т.н. албански аналитичари и поранешни терористи на ОНА се обидуваат да не заплашат дека ако нема позитивен референдум, нема да има и македонска држава

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 7:00

Насер Зибери повторно со закана кон Македонците?

Фото/Текст извор: ©тв21.тв/магазин.мк

Во изданието на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ 21 Талат Џафери дебатираше заедно со политичките аналитичари Зибери и Раткоцери.

Зибери во еден момент на маса ја стави тезата дека се што не одржува во соживот се НАТО и ЕУ интеграциите и дека без нив, секој народ ќе си продолжи по својот пат.

“Ако пропадне референдумот, Македонија влагува во многу деликтна ситуација. Повеќе нема да има прашање за кое Македонците и Албанците би имале заеднички интерес. Македонија повеќе ќе биде во спротивна насока од ЕУ и НАТО. Тоа е многу опасно и истовремено голема одговорност на политичарите.” – изјави Насер Зибери.

Со колегата соговорник, истакнат аналитичар се согласија и Арбен Раткоцери и Талат Џафери.

Иако Џафери можеше да го опише својот придонес кон ЕУ а особено НАТО интеграции кога во 2001 година го напушти командното место на тетовската касарна и како дезертер на Армијата на Република Македонија и член на терористичка организација ОНА уби над 80 македонски бранители по што побара амнестија за своите дела?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.