Да не беше видео записот на граѓанка ќе стигнеше некогаш оваа вест до јавноста и зошто не?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 14:05

На Царовска не и се доволни видеото и изјавите бара “докази” за вербално малтретирање дете?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера Министерството за труд и социјална работа испрати инспектори во градинката “Детска радост” во Гевгелија по скандалот со видеото на кое се слуша како воспитувачка навредува дете надлежните соопштија дека се земени изјави од директорката и вработените.

“Директорката е задолжена со следното: Веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност – односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок – потешка повреда на работната дисциплина – неизвршување – несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка –  иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело – согласно Член 261 Став 1 Алинеја 2 од Законот за заштита на децата.” – истакнуваат од министерството за труд и социјална политика.

Вчера пак од истото министерство министерката Мила Царовска изјави нешто сосема конкретно:

“Веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи од немилиот настан во градинката “Детска Радост” во Гевгелија – Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок. Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата а инспектори се упатени  на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор.

Доколку се потврди веродостојноста на случката сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај.”

Што се случи вчера по инспекцискиот увид?
Што изјави директорката?
Дали е повикана да даде изјава и граѓанката која го снимила записот? 
Каков доказ уште и треба на Царовска и зошто изјавите се релативизираат?

Прашање на кое прво треба да се одговори е:
Зошто ако има вистина во настанот воспитувачката денес сеуште се води како вработена?!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...