На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија бил извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеал атентатот со тешки повреди во пределот на главата.

Објавил: Владо Марин | 3 октомври, 2020 19:36

Неуспешниот атентат врз Киро Глигоров неразјаснет и по 25 години

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска се навршуваат 25 години од неуспешниот обид за атентат врз првиот македонски претседател Киро Глигоров. Глигоров го преживеа атентатот, повреден беше неговиот телохраните, но загинаа неговиот возач, како и случаен минувач на улицата!

На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија бил извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеал атентатот со тешки повреди во пределот на главата.

На местото на атентатот загинал неговиот возач Александар Спировски, а бил повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегнал и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот!

Глигоров имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Така тој бил автор на прашањето поставено на референдумот одржан на 8 септември 1991 година: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“! Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање. По успешно одржаниот референдум, Глигоров излегол на плоштадот „Македонија“ и со восхит ги поздравил насобраните граѓани.

Нападот бил извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодирала кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа.

Од силината на експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килогрампластичен експлозив, со стотици челичнитопчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. Автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот. Нападот дошол по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за мегусебно признавање на двете земји.
Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати.

Во 1995 година, по неколку месеци од атентатот, како еден од можните атентатори, разузнавачката служба ги посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија. Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи како нарачатели ги посочил бугарската „Мултигруп“, југословенската „КОС“ и т.н. „Братиславска врска“, но не се пронајдени тврди докази околу нивната вмешеност во атентатот. Подоцна, водството на бугарската организација „Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации.

Во април 2008 година во Република Македонија дошла информација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација „Кос“, но оваа информација не е потврдена.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.