Кој советник му соли памет на премиерот Заев?

Објавил: Узунов Бобан | 28 мај, 2019 12:32

НЕ Е САТИРА: Дипломатски советник на Зоран Заев е џетсетерот Александар Ружин !

Фото/Текст извор: ©ирл.мк/магазин

Истражувачката репортерска лабораторија под наслов “Кој му соли памет на премиерот”откри дека дипломатски советници на Заев се џетсетери како што е синот на ексамбасадорот Нано Ружин, Александар Ружин.  Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев пораснал за 39 лица. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници, а лани владата на СДСМ го обвинуваше Груевски дека потрошил 1,7 милиони евра за неговите 91 советник.

Дипломатскиот советник на Зоран Заев, Александар Ружин, толку е стручен што преку нумерологија ја одгатнал повзраноста на Тоше Проески со бројот 26.

Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници.

Заев има надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани каков што е последниот дипломатски советник, син на екс амбасадорот Нано Ружин, Александар Ружин

Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари.


Александар Ружин е повеќе познат во јавноста во вестите од естрадата, а како премиерот Заев ги препознал дипломатските способности на Ружин останува нејасно.   Ружин стекна  популарност како момче на хрватската поп ѕвезда Антонија Шола.  „Александар Ружин, македонскиот џет-сетер е сингл“, во ваков контекст до скоро се известуваше за синот на дипломатот. На неговите профили на социјалните мрежи често споделува фотографии од скапи автомобили и патувања, но и од луксузни вечерни излегувања. Пред околу две години тој се проба и како влогер. Заедно со неговата тогашна девојка Елена почнаа да продуцираат лајф-стајл видеа со пораки за љубов и среќа.


Во едно од ретките политички интервјуа кои тој ги има дадено себеси се опишува како некој којшто „уште од студентските денови се интересирал за политичката еволуција“  а донел значајни инвеститори од Белгија и Франција“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести