Како што објави порталот годинава застрашувачки е фактот што само пет матурантки се пријавиле да го изучуваат македонскиот јазик во првиот уписен рок на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења и умеења).

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 август, 2019 12:54

Никој не сака да стурида македонски јазик- само 17 кандидати се пријавиле за оваа насока

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за порталот Факултети.мк д-р Људмил Спасов истакна дека неопходно е да се направат реформи на наставните планови и програми на Катедрата за македонски јазик.

д-р Људмил Спасов, професор на Катедрата за македонски јазик и претседател на Советот за македонски јазик фото Факултети.мк

Како што објави порталот годинава застрашувачки е фактот што само пет матурантки се пријавиле да го изучуваат македонскиот јазик во првиот уписен рок на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења и умеења).

Факултети.мк објави дека четири пријавени кандидатки има на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на насоката Македонски јазик и книжевност. На УКИМ, во државната квота се пријавиле 12 кандидати на насоката Македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Поразителен интерес за изучување на македонскиот јазик има и на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на насоката Македонски јазик и книжевност се пријавени вкупно 10 кандидати.
Проф. д-р Људмил Спасов: Состојбата е многу комплексна

– Се отворија нови катедри. Во Битола секогаш имало поголем интерес затоа што катедрата има комбинирана група, на пример, македонски со англиски јазик. Друг проблем е што бројот на наставници е веќе пополнет – нема места за нови наставници, така што нема професионален предизвик. Потребна е реформа на студиите по македонски јазик – треба да се направат поатрактивни. Порано се запишуваа и по 100 студенти. Исто така, факт е дека критериумите на УКИМ се поригорозни, потешко се добива диплома. Треба да се има предвид и фактот што ние најголемиот број на студенти го добиваме во вториот уписен рок. Сепак, неопходно е да се направат реформи на наставните планови и програми. Во социјализмот имавме подобри програми отколку денес – вели Спасов.

Целата интервју прочитајте го на Факултети.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести