Македоците ги нема во графата за национална припадност за упис на факултет.

Објавил: Весна Петровска | 9 септември, 2019 16:04

СКАНДАЛ ПРИ УПИС НА УКИМ: Македонците ги нема во графата за национална припадност

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Нов скандал ја потресе македонската јавност за време на овогодинешните уписи на државните факултети.

Македоците ги нема во графата за национална припадност за упис на факултет.

Македоците бесни поради ваквиот прпуст – одсговорност мора да има

До редакцијата на „Економски Лидер“ пристигна документ од Изјава за национална припадност, а на него може да се види дека Македонците воопшто не постојат како опција.

Во графата за национална припадност, од Изјавата за запишување на еден од факултетите на универзитетот „Кирил и Методиј“, застапени се сите етнички заедници освен Македонците.

Оваа Изјава е скандалозна бидејќи во неа не пишува дека се однесува само за етничките заедници кои се малцинство во Македонија, туку јасно стои дека идниот студент треба да се изјасни за својата национална припадност.

Согласно со новиот Закон за високо образование, почетокот на студиската година наместо на 15 септември ќе биде на 1 октомври, како што почнуваше до пред десетина години.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, слободни се вкупно 11661 места, од кои за редовни во државна квота има 5913, редовни со кофинансирање на студиите 4573 и за вонредни студенти 1175 места. Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра.

Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, објавен на веб-страницата: www.ukim.edu.mk.

Вториот рок за упис на УКИМ е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести