Со новиот министер и нов претседател на комисијата, директорот на институтот за имунобиологија Александар Петличковски ќе го замени Жарко Каржовски кој сепак останува член во комисијата

Објавил: admin@magazin | 1 февруари, 2022 17:45

НОВ СОСТАВ: ДОКТОР АЛЕКСАНДАР ПЕТЛИЧКОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/24.мк

Нова комисија за заразни болести денеска оформи министерот за здравство Беким Сали.

Со новиот министер и нов претседател на комисијата, директорот на институтот за имунобиологија Александар Петличковски ќе го замени  Жарко Каржовски кој сепак останува член во комисијата. Планот е секој вторник, новит составот да дискутира и предлага мерки до министерот. 

Одлуката за нови имиња во комисијата министерот за здравство ја донел како што кажа поради тоа што мислењето на многу медицински експерти не било земено в предвид  во справувањето со пандемијата. Покрај смената на Кежаросвки во новиот состав  влегуваат нови 16 имиња меѓу кои и докторите  Нико Беќаровски, Арбен Лабеништа и Злате Мехмедовиќ кои ги  критикуваа одлуките и мерките на здравствените власти, но и даваа конструктивни совети за тоа како граѓаните да се справат со пандемијата. 

Инаку претходно минстерот за здравство Беким Сали јавно ги повика Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски да бидат дел од новиот состав на комисијата за заразни болести или негови советници. Сепак тие не ја прифатија понудата на министерот. Професорот Даниловски вели дека ваквиот начин на покана не е соодветен , се работи за серозна работа.

Новиот членови денеска уверуваа дека  нема да се копираат препораките туку ќе се потрудат да се  почитуваат и следат научните студии во и надвор од земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...