Мечето Ушко ги учеше децата како да бидат добри, послушни и да легнуваат рано. Во рамките на некогашна СФРЈ, се чини дека серијата најголема популарност доживеала токму во Македонија.

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2019 9:48

НОСТАЛГИЈА: Пред 20 години во 19 часот децата седеа пред телевизорот и го чекаа најубавото мече, мечето Ушко!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пред околу 20 години сите деца па и возрасни во Македонија седеа пред телевизиските екрани во 19 часот пред да се емитува вториот Дневник на првата програма на Македонската телевизија и чекаа да се појави најдружељубививото мече, мечето Ушко.

Мечето Ушко ги учеше децата како да бидат добри, послушни и да легнуваат рано. Во рамките на некогашна СФРЈ, се чини дека серијата најголема популарност доживеала токму во Македонија.

Генерации млади Македонци со нетрпение ја чекаа секоја нова епизода, која се емитувала во терминот пред вториот Дневник. Серијата започнала да се емитува скоро во исто време како и во Полска.

Мечето Ушко се емитувала на Телевизија Скопје, која после осамостојувањето на Македонија се преименува во Македонска радио телевизија.

  Не се знае точниот број на откупени епизоди. Македонската синхронизација на ликовите му била доверена на извонредниот Борис Мајсторов, кој му дал еден особен момент на овој лик, па така многу генерации се сеќаваат на Мечето Ушко токму по гласот на Борис Мајсторов.

Серијата никогаш не прекинала да се емитува на националната телевизија. И новите генерации имаат можност да се дружат со ова фино и дружељубиво мече.

Кон крајот на 2018 година, во која се одбележале два значајни јубилеја, 100 години од формирањето на полската држава и 25 години од воспоставувањето на дипломатските врски помеѓу Република Полска и Република Македонија, македонската публика била изненадена со уште една форма преку која Мечето Ушко повторно се вратило пред нашата јавност, а тоа овој пат била сликовница. Приказните за Мечето Ушко првпат се објавиле на македонски јазик, собрани на 232 страници, во луксузно издание на издавачката куќа „Темплум“, дизајнирано во студиото „Кома“.

Мечето Ушко ги учеше децата како да бидат добри, послушни и да легнуваат рано.

Промоцијата се одржала на 25 декември. Книгата ја промовирале Лидија Танушевска и Александра Бубевска. Ова капитално дело, веројатно многу значајно за повеќе генерации кои пораснале со овој анимиран лик било финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Македонија и Полскиот институт за книги. 

Првото појавување на Мечето Ушко било во полското комично списание за деца, “Miś”, на 6 март 1957 година. Подоцна, тоа било главен лик на неколку детски книги, кои биле преведени на повеќе странски јазици. Меѓутоа, својата најголема популарност ја стекнало во 1975 година, кога Студиото за мали филмски форми, СЕ-МА-ФОР од Лоѓ, ја создало анимираната серија за Полската Радио Телевизија, вклучувајќи го актерот Мјечислав Чехович, кој им го позајмил гласот на ликовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.