Утринава на 65-годишна возраст од компликации од ковид-19 почина Драган Вучиќ, познатиот музичар, водител и шоумен.

Објавил: admin@magazin | 4 мај, 2020 14:07

СУДБИНАТА ГИ РАЗДЕЛИ ЗАСЕКОГАШ: Весна и Драган Вучиќ во среќните денови- АНГЕЛИ МЕ НОСАТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски водител и пејач, Драган Вучиќ и неговата сопруга Весна поминаа 40 години заедно. Утринава на 65-годишна возраст од компликации од ковид-19 почина Драган Вучиќ, познатиот музичар, водител и шоумен.

Неодамна сопругата на Вучиќ сподели фотографија од некогаш и сега на својот „Фејсбук“ , а во описот напиша: „40 години во брак…некогаш и сега“ .

Овој пат судбината ги раздели засекогаш.

Драган и Весна го имаат синот Мартин Вучиќ кој во јуни претходната година се ожени со партнерката Сања.

Драган имаше луѓе што навистина го сакаа и го ценеа она што го правеше изминатите години, а за тоа говорат и пораките за последно збогум кои ги видовме денеска на социјалните мрежи.

Драган Спасов Дац, Панчо од ДНК, Нора Шакири и Елена Велевска се само дел од познатите личности кои се збогуваа со Драган Вучиќ со објави на социјалните мрежи. 

Тажна вест за смртта на Драган Вучиќ утринава ја потресе Македонија. Вучиќ почина од последица на коронавирусот, а многумина се во шок и неверување дека водителот повеќе не е меѓу нас. Вучиќ претходните денови бил во тешка здравствена состојба хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и поставен на респиратор.

Драган и Весна го имаат синот Мартин Вучиќ кој во јуни претходната година се ожени со партнерката Сања.

Мартин, кој во 2008 година се повлече од поп-естрадата е еден од најуспешните наши музичари на ударни инструменти.
На јавна сцена, тој може да се види на концертите на Македонската филхармонија каде што работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.