Перишич во тој стан живее со сопругата Јосипа и децата Леонардо и Мануела.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јуни, 2019 12:31

Ограбен станот на познатиот фудбалер Перишиќ- крадците го олесниле за 82.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот фудбалер Иван Перишиќ, од редовите на Хрватската репрезентација и фудбалер на италијанскиот фудбалски клуб Интер е жртва на тешка кражба.

Перишиќ со сопругата

Како што пренесуваат медиумите наводно, додека Иван бил во родната Хрватска, на собир со репрезентацијата, бил ограбен неговиот стан во Милано. Перишич во тој стан живее со сопругата Јосипа и децата Леонардо и Мануела. Станот бил опљачкан а фудбалерот останал без својот луксузен аксесоар. Крадците му нанеле штета од 82.000 евра, колку што чинеле трите скапоцени рачни часовници кои биле украдени.

Како што објави весникот Stampa откако Перишиќ се вратил во Милано, пријавил во полиција дека станот на 19-тиот кат во комплексот Bosco Verticale во елитната населба Гарибалди бил опљачкан, а пријавил дека се украдени рачен часовник Hublot вреден 12.000 евра, како и два рачни часовници на сопругата – Rolex limited edition Audemars Piguet вреден 20.000 евра и модел Carolina Bucci вреден 50.000 евра.

Перишиќ за полиција изјавил дека часовниците биле сместени во кутија во горниот дел од плакарот и дека последен пат ги видел на 27 мај пред да замине за Хрватска, а освен часовниците ништо друго од неговите скапоцени работи не било украдено, ниту пак имало знаци на насилен влез во станот.

Зградата во која живее Перишиќ е под 24-часовен надзор, а единствената личност која влегува во домот на фудбалерот освен неговото семејство е жената која го чисти станот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.