Денеска и во петок во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 мај, 2019 5:46

Од недела во Македонија вистинско невреме со обилен дожд, грмежи, ветер и силен град!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска и во петок во попладневните часови во земјава се очекуваат локални врнежи од дожд со ретки грмежи.

Во сабота овој викенд ќе настапи моментално стабилизирање со повисоки дневни температури.

Додека пак од недела нашето подрачје ќе потпадне под зголемено влијание на циклонска активност, која во земјата ќе предизвика нестабилно време со обилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Прогноза за 10.05.2019

Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 18°С до 25°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 11.05.2019

Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Претежно сончево и топло.

Прогноза за 12.05.2019

Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Променливо облачно, попладне со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...