Веќе нема сомнеж дека барањата "докази" за отписот од ВМРО - ДПМНЕ беа маркетиншки трик на Мијалков - Тодоров и Јанчев, сега Заев јавно им ја "залепи петокраката на чело"

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 15:26

Откако Мијалков е во притвор, неговото “делo” го продолжуваат Јанчев и Тодоров (видео)

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Митко Јанчев, поранешен потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ и Никола Тодоров, декаден министер на Никола Груевски, со новата средба со Заев му одговорија на сите писма на Сашо Мијалков, кој е предавник а кој патриот.

Имено викендов во Струмица се одржала средба на која присуствувале Јанчев и Тодоров од една страна и Зоран Заев. Никој не го потврдува но никој и не го негира присуството на братот на премиерот, Вице Заец, иако извори тврдат дека бил на средбата. Вице Заев неодамна изјави дека за клевета ќе го тужи потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски затоа што никогаш не се занимавал со политика.

Јанчев не толку, но Мијалков и Тодоров по исклучувањето од партијата беа гласни барајќи од раководството, особено од претседателот Мицкоски докази дека ортачеле со Заев и СДСМ а со тоа и вршеле притисок и ги организирале осумтемина одметнати пратеници за поддршка на уставните измени.

Со денешната изјава на Јанчев, веќе не е ни дискутабилна нивната улога, колку што загрижува фактот кој се идните пратеници врз кои Јанчев, Тодоров и Канческа Милевска ќе извршат притисок.

По изјавата на Заев но и Јанчев јасно е од каде премиерот беше убеден во 80 пратеници во поддршка за отворање на уставот но и од каде произлегуваат бројките како 86 па и 90 пратеници кои би ги поддржале во финалната фаза уставните измени.

Заев за средбата изјави:

Тоа што го разговаравме беше поврзано со интерпарламентарното тело и координативното тело за помирување и реформи и евроинтеграција така да кажам тие беа темите за кои што разговаравме заради тоа што знаете дека намерата е покрај завршување на процесот на Уставните амандмани можно максимално негово вградување колку што е можно во политичкиот естаблишмент.

Тоа го правиме заради тоа што јасно изразената одговорност од Никола Тодоров и градоначалникот Митко Јанчев верувам дека можеме многу да охрабри одредени пратеници кои што знаат како е позитивниот чекор, а се уште нема доволно храброст да го направи тој чекор. Навистина ќе сторам сe, тежнеам до крајот на целиот овој процес и максимално консолидација во општеството за ова исклучително важно прашање. – одговара Заев на прашањето дали му е ветено од страна на Јанчев и Тодоров поддршка за уставните измени. 

Заев ја потврди средбата ( исто како и Јанчев ) иако никој не го спомна Вице Заев и неговата улога.

Секако, верувам дека имаат и затоа ги повикав на едно кафе во Струмица, навистина беше се на транспарентен начин, пиевме кафе и разговаравме токму заради тоа секако нивното влијание не е од политички позиции посебно во партијата дали тоа што да се исклучени тие се чувствуваат ВМРО – ДПМНЕ.

И верувам дека комуницираат со многу пратеници така барем практикуваат, такви се и моите чувства и продолжуваме на основ на разговори, и на основ на аргументи, основ на одговорност која што сите ја имаме. Да се обидеме да помогнеме во целиот тој процес. – изјави Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести