Никола Саздовски беше претепан на 29 јуни, после 10 10 им подлегна на повредите

Објавил: admin@magazin | 17 јули, 2018 8:09

ОЈО по разгледување на вештачењето ќе одлучи за правната квалификација на случајот со Саздо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Основното јавно обвинителство Скопје интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот поврзан со смртта на Никола Саздовски, кој почина по инцидент во скопската населба Автокоманда.

По разгледување на вештачењето во контекст и на другите прибрани материјални и вербални докази, Јавното обвинителство веднаш ќе одлучи во поглед на правната квалификација и натамошниот тек на постапката, соопштија вчера од Обвинителството.

По дадена наредба од ОЈО Скопје, денеска Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, до Обвинителството достави извршено вештачење за причинско-последичната врска на нанесените повреди со смртната последица кај сега починатиот.

Во соопштението е наведено дека оваа наредба од Обвинителството следеше откако претходно беше доставен обдукцискиот протокол, а беа обезбедени и други вербални и материјални докази. Пред надлежен јавен обвинител денеска беше испитан и законскиот застапник на починатото момче.

Во доставеното вештачење детално од страна на вештите лица се дава приказ за состојбата на оштетениот по случувањето на кривично-правниот настан во моментот на неговата хоспитализација, во периодот на хоспитализацијата, па се до настанување на смртната последица. Вештачењето е доставено кај надлежниот јавен обвинител на натамошно проучување, велат од Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести