„Уште на неговото отворање, пред еден месец, во кое учествуваше голема бугарска делегација, рековме дека единствена функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во северна Македонија.

Објавил: Мате Парлоф | 4 јуни, 2022 12:38

ПАЛЕЊЕТО Е ПРОВОКАЦИЈА ВО РАМКИ НА МАСОВНАТА АНТИБУГАРСКА КАМПАЊА: Потпретседателката Јотова со остра реакција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Палењето на Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања, која започна веднаш по отворањето на клубот. Ова на Фејсбук го напиша потпретседателката Илијана Јотова.

„Уште на неговото отворање, пред еден месец, во кое учествуваше голема бугарска делегација, рековме дека единствена функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во северна Македонија.

Откријте ги сторителите, тие ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности“, додаде Јотова во нејзината објава на Фејсбук. 

Рано изутринава е опожарен клубот „Ванчо Михаjлов“ во Битола, кој во април годинава беше свечено отворен од највисокиот државен и политички врв на Бугарија. Нaјверојатно е фрлена запалиива матeрија, по што се оштетни влезната врата и дел од влезниот ходник.

Георги Црномаров, еден од основачите на Клубот, за „Независен“ вели дека им било јавено оти опожарувањето се случило околу 5 часот утрово, од засега непознати сторители и, како што рече, им било кажано во интерес на истрагата да не се откриваат детали за инцидентот. 

Клубот се огласи преку својата Фејсбук страница и напиша: „Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар ‘Иван Михајлов’ – Битола. Очекуваме институциите во најбрз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести