Управните и надзорните одобори погодна почва за партизација

Објавил: Узунов Бобан | 31 мај, 2019 8:54

Партиски кадри и роднини во Државна лотарија, зетот на Катица Јанева член во Управниот одбор

Фото/Текст извор: ©магазин

Петар Поцков, внук на градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков и зет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, е еден од членовите на Управниот одбор на Акционерското друштво за игри на среќа Државна лотарија, според порталот фокус.мк

Според тековната состојба на друштвото во државна сопственост, издадена од Централниот регистар, Поцков е еден од петмината членови на УО, покрај претседателката Катица Николовска – Прнаркова, Ѓорѓи Дамјановски, Благоја Лазаревски и Христа Најденов.

Петар Поцков внук на градоначалникот на Гевгелија и зет на Катица Јанева како член на Управниот одбор на Државна Лотарија ќе прима месеќен надомест од 10.000 денари или прибилижно колку што е минималната плата на еден текстилен работник во Гевгелија.

Претоходно во студијата изработена од Институтот за демократија насловена како „Кој тоа таму управува“, која содржи податоци за вкупно 1.206 членови на управувачки структури, утврдено беше дека критериумите за избор на членови во овие структури не се доволно прецизирани и дека недостасува фер и транспарента постапка според заслуги.


Членовите ова ова тело всушнсот ги избира Надзорниот одбор, во кој пак членуваат Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Бејназ Арифи, Александар Димитријоски, како и претседателката на младинската организација на ЛДП Моника Зајкова, избрани од страна на владата

Работата на Државната лотарија на Македонија  ја надгледува 28-годишната Моника Зајкова. Таа на предлог на Владата е назначена на местото на Билјана Аврамоска Ѓореска, која е именувана за директор на Агенција за пошти. И двете се кадар на Либерално демократската партија. Одлуката за избор на Зајкова ја потпишала вицепремиерката Радмила Шекеринска. Моника Зајкова од пред една година е вработена во Собранието на РМ.  Вака со голема брзина се движи кариерата на еден член на партија на власт и тоа од подмладокот на ЛДП.


Според известувањето што на почетокот на годинава друштвото го пратила до Македонска берза, согласно обврската од Законот за хартии од вредност, Поцков е избран за член на УО на седница на НО оддржана минатата 2018 година.

Во истата студија “Кој тоа таму управува” беше утврдено дека „Бројноста и надоместоците на членовите на управувачките структури заедно со непрецизираните критериуми во законската регулатива ги прави овие институции ризични точки за партизација и клиенетелизам што влијае врз квалитетот на нивното управување“, стои во студијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести