По само 18 месеци откако го оставила сопругата Ад Гудчајлд, освоил 82 милиони евра на лотарија "ЕвроМилион"

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 март, 2019 23:26

Откако го оставила сопругата добил 71 милион евра на лотарија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По само 18 месеци откако го оставила сопругата Ад Гудчајлд, поранешен работник во една фабрика, освоил 71 милиони евра на лотарија “ЕвроМилион”.

Само по 18 месеци откако го оставила сопругата на Ад му се насмевнала среќата и освоил 71 милион евра

Иако Ад е 15-тиот човек во историјата на Бријатнија кој успеал да добие ваква добивка, а неговата поранешна сопруга се мачи за да преживее, и работи две работи, Сузана тврди дека никогаш не би се покајала за разводот и покрај парите кои ги добил Ад.

“Не сакам ниту еден цент од неговите пари, слободно нека ги задржи сите пари за себе,” изјавила Сузана.

“Сузана беше многу несреќна со него, бидејќи стана многу себичен. Долго време го трпеше, но повеќе  не можеше да издржи. Не сакаше да и помогне околу домашните обврски па дури ниту да го прошета кучето. Дури и по разводот, мораше да доаѓа секој ден за да го носи кучето на прошетка”, изјавила нејзината мајка за Дејли Мејл.

“Денес разговарав со неа и она е свесна дека може да бара добар дел од тие пари, но вели дека не сака пари. Му посакува се најдобро на Ад, а тој за неа е завршен.Никогаш не сум ја видела толку среќна како денот кога се разведоа”, додава мајката на Сузана.

Гудчајлд тврди дека со поранешната сопруга е во добри односи и дека не се скарани.

“Кога и соопштив дека освоив 71 милион евра, не ми веруваше, бидејќи знае дека сакам да се шегувам”, изјавил Гудчајлд.

За Дејли Мејл изјавил дека парите планира да ги потроши на нова куќа со базен, џакузи, за оние  кои ќе се грижат за него, на патувања, спортски настани и дека ќе купи четири нови автомобили.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.