Во овој момент кога во игра се повеќе имиња Алтернатива ја користи оваа прилика да ја предложи обвинителката г-ѓа. Фатиме Фетаи, да раководи со ова обвинителство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јули, 2019 11:13

Партијата Алтернатива ја предлага Фетаи на чело на новото Обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Партијата Aлтернатива – која важи за партија која се грижи за правна држава и спроведувањето на правото без никаков компромис предлага Фатиме Фетаи да биде новото име кое ќе застане на чело на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

33-годишната обвинителка е во брак од 17-годишна возраст и има два сина. Таа истовремено се справувала со домашните обврски, мајчинството и студиите за да добие диплома на Правниот факултет, пред да ја започне својата кариера.

Во овој момент кога во игра се повеќе имиња Алтернатива ја користи оваа прилика да ја предложи обвинителката г-ѓа. Фатиме Фетаи, да раководи со ова обвинителство,велат од партијата Алтернатива на Африм Гаши.

Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја,велат од Алтернатива.

Од партијата додаваат дека се надеваат дека и останатите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести