Хрватската европратеничка Маријана Петир на дебата за Македонија во Стразбур го истакна ставот дека ЕУ има двојни стандарди во политиката кога е Македонија во прашање

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 10:09

Петир: ЕУ има двојни стандарди за Македонија

Фото/Текст извор: ©прес24.мк

Хрватската европратеничка Маријана Петир вчера во Стразбур учествуваше во дебата за Македонија каде посочила дека ЕУ има двојни стандарди за Македонија.

„Процесот на пристапни преговори досега требаше да биде започнат а отворените билатерални прашања требаше да се решаваат за време на преговорите кои не смее да бидат условени”, изјави Петир.

Таа во дебатата го искажа и својот став за Договорот од Преспа.

„Договорот од Преспа потпишан без политички консензус од сите парламентарни партии е причина за загриженост”, смета Петир која е голем пријател и лобист за Македонија во Европскиот парламент.

Претходно во текот на годината Маријана Петир, европратеничката од Хрватска која ја бранеше Македонија од грчката политичка агресија, беше исклучена е од групата Eвропски Пријатели на Македонија, по барање на македонската Влада.

Во соопштението тогаш се истакна дека Владата ќе правела нова група приjaтели на Македонија

Позната по својот јасен став за поддршка на нашето уставно име, Маријана Петир беше честа мета на напади од страна на грчките екстремисти. Таа органиираше повеќе настани и собири во Брисел, на кои Македонија имаше полна поддршка во борбата за своите права.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести