Најново метео

Објавил: admin@magazin | 21 октомври, 2022 7:27

Попоски: Следната недела не очекуваат значително променети температури

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде сончево и релативно топло преку ден со мала до умерена локална облачност.

Денес ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот пак по котлините и речните долини ќе има појава на магла, особено во утринските и раните претпладневни часови.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено со минимални температури кој особено во Малешевијата ќе се спуштаат за неколку степени под нулата, и тоа особено во петок. Максималните температури до сабота нема многу да се менуваат, додека од недела па во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ и над просекот кога ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот и тоа особено во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 8 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...